Намирници со кои треба да раскинете уште денес
Секој прекин е тежок, но прекинот од овој тип ќе ви отвори нови опции кои порано не сте ги имале. На пример, ќе можете да влезете во црните бикини без да се срамите.
Нутриционистите и личните тренери советуваат кои намирници мора да ги отстраните од секојдневната исхрана, доколку сакате да го намалите обемот на струкот, а воедно да се чувствувате здрави.
Еве со кои намирници треба да раскинете уште денес:
Бело брашно
Белото брашно нема хранливи состојки, а влијае негативно на нивото на шеќер во крвта. Добра замена се житариците.
Овошен јогурт
Многу овошни јогурти содржат шеќер исто колку и едно чоколадо. Затоа, одберете незасладен овошен јогурт кој можете и сами да го направите.
Суво овошје
Можеби звучи како идеално решение за засладување, но она што може да ви го донесе сувото овошје е поштетно од темна чоколада. Одредени производи содржат вештачки засладувачи и конзерванси. Кога овошјето ќе се исуши, концентрацијата на шеќер е огромна, а хранлива вредност речиси и да не содржи.
Кофеин
Исфрлете го кофеинот потполно. Тоа е вештачки стимуланс кој влијае на вашите мускули, ткиво и негативно влијае на вашиот сон. Наместо тоа, пијте вода и чаеви.
А, ако веќе морате да испиете една утринска шолја кафе, користете свежо млеко за да ги минимализирате калориите.
Преработено месо
Колбасите и сланината се богати со заситени масти и други штетни состојки. Држете се до производите кои се свежи, а не спакувани.
Млечни производи
Наместо обично млеко, пијте незасладено кокосово или бадемово млеко. Повкусно е, а и многу поздраво.
Коктели
Колку и да се вкусни, тие се претрупани со шеќери и вештачки состојки. Испијте чаша вино наместо еден шарен коктел. Не морате целосно да го отфрлите алкохолот, но внимавајте на обликот во кој го внесувате.