Препораки за здрав живот: 6 тајни за долг живот

Мали промени се доволни за да живеете поздраво, а со тоа и поквалитетно и подолго. Бидете умерени во исхраната, но и вредни, позитивни, како што советува најстариот човек во светот, американецот Валтер Бренинг (113).

preporaki-za-zdrav-zivot-6-tajni-za-dolg-zivot-01

Бидете умерени на трпезата

Јадете двапати дневно. Добро појадувајте, а ручекот нека биде баш она што сакате да го јадете. Прескокнете ја вечерата. Луѓето не треба да живеат само за да јадат, туку да јадат за да живеат.

Хранете се здраво

Иако сакате по некој нездрав оброк, сепак предност дајте му на овошјето. Тоа нека ви биде главна ужина. Корисни и здрави состојки, но и дисциплиниран пристап во исхраната, ви овозможува да живеете без лекови и да се чувствувате добро.

Бидете љубезни

Негативниот животен став, мрзливоста и досадата долгорочно гледано влијае на здравјето. Затоа бидете љубезни. Чувството што го имаме кога помагаме некому е ненадоместливо.

preporaki-za-zdrav-zivot-6-tajni-za-dolg-zivot-2

Дружете се

Разговарајте со луѓето. Дружете се. Тоа влијае да се чувствувате убаво и привлечно. Многу е важно човекот да не биде сам и осамен, бидејќи таквата состојба може да остави трајни последици на психофизичкото здравје.

Сопрете го умот

Читајте колку можете повеќе, слушајте радио, решавајте крстозборки... Забавете го својот ум со што било, гледајте филмови, плетете. Штом почне вашиот ум да лута, ќе почне полошо да работи.

Не се штедете на работното место

Работете колку што можете. Тешката и напорна работа нема да ве убие. Тоа може само да ве зацврсти, да ви даде сила, да ве направи среќни, ќе имате поразумен штедлив однос кон парите. Заштеденото ќе ви даде чувство на сигурност во поглед на иднината.

preporaki-za-zdrav-zivot-6-tajni-za-dolg-zivot-1

Би можело да ве интересира:

Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Колку крем за сончање треба да нанесете за да спречите изгореници, според дерматолог? Ставате ли доволно крем за сончање? Колку крем треба да нанесете и кога, според ...
5 работи што треба да ги правите за да спречите отекување на нозете во лето Солената храна предизвикува отекување. Па, во лето пробајте да го намалите колич...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Синдром на ноќно јадење - Зошто се прејадувате навечер и како да престанете? Чувствувате ли навечер глад, па јадете сѐ што ќе ви се најде при рака? Ноќното ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg