Вашето лице открива дали сте болни - ова се симптомите

Според сфаќањето на кинеската медицина, кожата е најмногу поврзана со белите дробови и дебелото црево. Меѓутоа, различните делови на лицето може да ги прочитате како мапа на здравјето.

na-liceto-otkrijte-gi-simptomite-za-bolestite-01

Чело

Подрачјето на челото го претставува системот за варење. Акните на челото ги означуваат проблемите со варењето или лошата елиминација на токсините од телото. Обидете се да се храните поздраво и еднаш месечно да го исчистите телото од насобраните токсини. Се советува детоксикациска диета со овошје, зеленчук и чаеви, која најчесто се спроведува од 36 часа и максимално до 3 дена во текот на кои се забранети кофеински пијалаци. Ако и наспроти тоа не можете да се ослободите од акните, испитајте ги состојките кои често ги користите. Ако имате проблем со црвена и сува кожа на челото, тоа е показател за дехидратција. Пијте повеќе вода и чаеви.

Зоната меѓу веѓите

Коренот на носот и делот помеѓу веѓите е зона на црниот дроб. Црвени дамки, акни и брчки на тој дел од лицето укажуваат на отежнат детоксикација на црниот дроб. Помогнете му на телото да се исчисти со намалување на маснотиите и пржената храна, млечните производи и алкохолот. Со оглед на тоа што црниот дроб симболизира и бес, фрустрација и потиснување на лутината, внимавајте на своите емоции. Во тој случај, може да ви помогне акупунктура на ушите, каде се стимулираат специфични точки за ослободување од стресот.

Нос

Врвот на носот одговара на белите дробови, а коренот на носот укажува на проблеми со желудникот. Најчестиот проблем со митесерите, кои укажуваат на лошо варење, а понекогаш и на ниското ниво на хлороводородна киселина, која е составен дел од желудочниот сок. Таа дијагноза најлесно ќе може да ја проверите кај гастроентеролог, а секако е потребно и да ги промените навиките во исхраната. Ако носот е премногу црвен или се познаваат капилари, тоа е знак за преголемо внесување течности кои го загреваат организмот. Смалете го бројот на чаши кафе, чај или алкохол.

Образи

Го претставуваат дишењето и кардиоваскуларниот систем. Акните на образите често се резултат на исхраната која изобилува со маснотии. Бледите образи може да бидат знак за ниско ниво на железо, а претерано црвени образи укажуваат на лоша циркулација и преголемо внесување зачинета храна, алкохол, кафе и нивно отежнато отстранување од организмот. Најважно е да ја промените исхраната, повремено да го исчистите организмот со детоксикациска диета или со хомеопатски препарати, а за подобрување на циркулацијата и системот за дишење помага пилатес или јога.

na-liceto-otkrijte-gi-simptomite-za-bolestite-3

Зона околу очите

Зоната околу очите ги претставува бубрезите. Темни или подуени, најчесто се наследуваат, а може да упатуваат и на задржување на течноста во целото тело. Сини или светли подочници укажуваат на замор и исцрпеност. Црните се поврзуваат со слабокрвност, а жолтите укажуваат на проблеми со црниот дроб и жолчката, што може да биде последица на исхраната, но и неизразена лутина и разочарување. За појава на ситни дамки или пеги под очите, одговорно е брзото темпо на живот и преоптовареноста. Време е да воспоставите урамнотежен животен ритам. Нема да ви штети повремено да консумирате увин чај или чај од брусница, бидејќи ја забрзуваат работата на бубрезите. За да ги ублажите тешкотиите, потребно е да им помогнете на бубрезите. Пијте повеќе вода и билни чаеви, а намалете ја количината на сол, алкохол и кофеин.

Усни

Устата ги претставува функциите на системот за варење. Бели или многу бледи усни може да укажуваат на ниско ниво на железо и слаба циркулација. Сувата кожа или наборите на усните покажуваат недоволно количество на вода во организмот. Ранички на аглите на усните се со ниско ниво на витамин Б или железо. Црвенило, топлина или крвавење е знак за зголемена киселина во желудникот или упатува на исхрана со високо количество животински масти и шеќери.

Брада

Оваа зона укажува на промени на работата на бубрезите и системот за варење. Црвенилото на брадата може да биде знак за исхрана со преработена храна, шеќери и масти. Може да укажува и на неурамнотежена работа на бубрезите, што се јавува поради многу тешка работа или стрес. Консумирајте состојки богати со магнезиум или додатоци на исхрана збогатени со магнезиум или додатоци кои спречуваат калцификација во бубрезите и делува на детоксикацијата. Физичката активност, но и вежбите за опуштање се добредојдени.

Вилица

На оваа зона од лицето се огледуваат хормонските промени. Иако овде хормоните се појавуваат во предменструалниот период кај жените, ако ве мачат почесто од еднаш месечно, се советува хормонска анализа на крвта, а по потреба и хомеопатско лечење. Ситните акни полни со течна содржина може да укажат на проблеми со лимфата, што може да биде последица од некои лекови. Делувањето на токсинот од околината или претераното внесување состојки богати со рафиниран шеќер. Помош побарајте во детоксикациската диета со овошје и зеленчук.

na-liceto-otkrijte-gi-simptomite-za-bolestite-1

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg