Денес расонете се без кафе!
Ако постои годишно време кога сме најпоспани, тогаш тоа е токму сега. Ниски температури, кратки денови и малку сончеви зраци е она што најмногу влијае на нашиот сон и на одложувањето на работниот ден.
Факт е дека кофеинот е единствената светла точка во тмурните утра, па многумина го бараат спасот во неколку шолји топло, силно кафе.
Но, како да се разбудите без кофеин? Постојат најмалку 5 начини:
1. Наместо по алармот да ја пикнете главата во перница, тргнете ги завесите и пуштете ја дневната светлина во собата. Сончевите зраци и убавата глетка ќе ви го олеснат почетокот на денот. Покрај тоа, светлината ја поттикнува дневната активност.
2. Понекогаш кога ќе ве фати попладневната дремка, имате обичај да ги триете слепоочниците за да се разбудите? Применете ја таа техника и наутро. Истражувањата покажуваат дека самоакупунктурата помага за будење на сите сетила.
3. Сите сме по малку дехидрирани кога се будиме. Освежете го лицето со ледена вода за да го забрзате утринскиот адреналин и да го победиме заморот. Ако сте доволно храбри, не би било лошо да се истуширате со малку постудена вода од вообичаено. Прочуениот доктор Оз исто така советува со студена вода да ги масирате нозете, рацете и стапалата. Тоа ќе ви ја забрза циркулацијата и ќе ве направи енергични.
4. Започнете го утрото со кратка прошетка за да го поттикнете ендорфинот и да ја забрзате циркулацијата во крвта. Психолозите потврдуваат дека оваа техника е поделотворна од кратко еспресо.
5. Важно е да се наполните со сите потребни витамини за претстојниот ден. По неколку часа мирување, силниот и хранлив појадок ќе ви го забрза метаболизмот, ќе ви ја подигне енергијата и ќе ви ги разбистри мислите. Студиите покажаа дека појадокот им помага на децата да бидат поуспешни и попаметни, па истото се случува и со возрасните. Испробајте појадок богат со протеини. Киселото млеко ќе ве освежи, а овошјата богати со влакна исто така ќе ви помогнат во ова бескофеинско будење.