Вежбајте јога дома со 12 лесни чекори
За сите кои сакаат да вежбаат јога, а немаат време да одат на часови, ова се 12 едноставни чекори за вежбање дома.
Повеќето од нас радо би вежбале нешто, но никој нема доволно време. Во постојаната трка од работа до дома, деца, пријатели, роднини, не стигнуваме да се посветиме на себе.
За сите оние кои одлучуваат да одвојат половина час за себе, за освежување на духот и телото, предлагаме вежбање јога дома.
Ова се 12 едноставни чекори кои може да ги совладате:
1. Застанете исправено во положба која се нарекува „планина“, со дланките склопени пред себе како да се молите.
2. Вдишете и истегнете ги рацете над главата и благо навалете се наназад.
3. Додека издишувате истегнете ги колената сè додека со дланките не ја допрете земјата или колку што можете најмногу. Зацврстете ги нозете но не ги згрчувајте колената.
4. Вдишете и исчекорете наназад со чучнување со десната нога, додека левата ви е свиткана кај коленото.
5. Издишете додека правите исчекор наназад и со левата нога и застанете во положба „клупа“. Половината и нозете нека ви останат прави. Вашите рамена би требало да се наоѓаат точно над вашите зглобови. Држете ја својата тежина во дланките и стапалата. Вдишете длабоко.
6. Издишете и полека спуштајте го телото кон земјата. Останете во положба во која вашето тело ќе биде паралелно и само малку подигнато од подот.
7. Вдишете, издигнете го горниот дел од телото и истегнете ја половината наназад. Рацете нека ви бидат исправени.
8. Издишете и заземете положба на превртена буква „V“. Тежината пренесете ја на петиците и подигнете ги колковите. Останете така во текот на 5 вдишувања и издишувања.
9. Во текот на последното издишување свијте ги колената и гледајте меѓу дланките. Вдишете и исчекорете со левата нога која ќе ја поставите меѓу дланките .
10. Издишете и застанете во положба во која сте свиени кон напред.
11. Вдишете и истегнете ги рацете. Застанете во положба со исправен грб. Потоа полека истегнете ги рацете зад главата благо подвиткувајќи ја наназад.
12. Издишете и вратете се во почетната положба. Останете така неколку секунди, а потоа повторете сè уште еднаш.