Отстранете ги маснотиите од организмот со само 2 состојки
Направете едноставен пијалак за прочистување на организмот, само неколку дена по обилното прејадување за време на празниците и тоа од 2 состојки кои сигурно веќе ги имате во фрижидерот.
Откако сезоната на мрсни специјалитети ќе заврши, еве што да подготвите:
Земете 400g корен од целер и изрендајте го. Додадете го во 2l вода и изрендајте малку кора од лимон. Варете 20 минути и оставете ја течноста да се олади околу 5-6 часа.
Исцедете 1kg лимони и додадете го сокот во водата со рендан целер. Прецедете ја течноста низ голема цедалка и претурете ја во стаклено шише.
Овој пијалак консумирајте го пред јадење 3 пати на ден. Пијте по околу 1dl, а можете и да го разредите со минерална вода.
Чувајте го пијалакот исклучиво во фрижидер!