3 рецепти за празнично трезнење и чистење на организмот
Празничното расположение и славење веќе одамна е почнато. После прославата на новогодишната ноќ и многу изедена храна и испиени пијалаци време е да го освежите и исчистите организмот.
Како да останете во форма и да отидете на работа свежи и одморени? Со помош на овие 3 рецепти не само што ќе се чувствувате подобро, туку ќе успеете да му помогнете на организмот да се ослободи од токсините!
1. Фрапе од калинка
За подготовка на ова сочно фрапе потребни ви се следните состојки:
- 1 шолја замрзнати плодови од боровинка
- ½ шолја обичен јогурт
- ¼ шолја сок од калинка
- 2 лажички сируп од калинка
- 4 листови нане (за украс)
- 1 лажичка зрна од калинка (за украс)
Начин на подготовка:
Во блендер измешајте ги боровницата, јогуртот, сокот од калинка, сирупот и листовите нане, додека не добиете кашеста смеса. По потреба додајте замрзнато овошје или сок од калинка. На крајот, фрапето украсете го со листови нане и неколку зрна калинка.
2. Салата од ротквици со прелив од кари и портокал
Овој прелив прави ротквиците да изгледаат феноменално.
Потребни сосотојки:
- 1 шолја сок од портокал
- 1 лажичка маслиново масло
- 1 лажичка кари
- 2 шолји крупно исецкани ротквици
- 1 шолја испасирано фета сирење
- 2 лажички исечкани листови нане
- Сол по вкус
Начин на подготовка:
Во мал длабок сад варете го сокот од портокал околу 20-25 минути. Намалете ја температурата. Во сокот додајте го маслиновото масло и карито. Додајте сол по вкус. Прелијте ги ротквиците со преливот. Распоредете ја смесата во 4 чинии и украсете со фета сирење и ливчиња нане.
3. Печена супа од морков
Ова е повкусна верзија на традиционалната чорба од моркови.
Потребни состојки:
- 6-8 големи моркови
- ¼ шолја маслиново масло
- Малку сол
- 6 шолји зовриена вода
- 1 парче излупен ѓумбир
- ½ кромид
- 2 чешниња исечкан лук
- Свеж мелен бибер
- Неколку гранчиња мајчина душица
Начин на подготовка
Излупете ги морковите и исечкајте ги на кругови со средна дебелина. Во плех од рерна наредете ги и прелијте ги со маслиново масло. Добро посолете ги. Печете додека морковите не омекнат и не потемнат, но превртувајте ги на секои 5 минути за да не ви запечат. Тоа би требало да трае околу 15 минути.
Во меѓувреме ставете ја водата да зоврие, додајте ѓумбир и малку мајчина душица и варете тивко 15 минути. Во тенџере со средна големина пропржете го кромидот со маслиново масло, а потоа додајте ги морковите.
Во зовриената вода додајте го испржениот лук. Оставете да зоврие и варете уште 10 минути додека морковите не станат доволно меки за пире. Потоа ставете се во блендер и измиксајте додека не добиете кашеста смеса како пире.