Докажано: Брусниците може да го продолжат животот дури за 25%
Ретко која билка со своите плодови како брусницата, која е природен антибиотик, го потврдила својот придонес за здравјето.
Истражувањето покажало дека винските мушички се хранат исклучиво со шеќер и екстракт од брусница живеат 25% подолго од оние кои се хранат само со шеќер.
Научниците не проучиле како тоа топчесто овошје делува долгорочно на луѓето, но како што пренесува nydailynews.com, резултатот сигурно би бил ист.
Според истражувањето кое ќе биде објавено во февруари во 2014 година во склоп на експерименталната геронтологија, овошните антиоксиданси кои се наоѓаат во брусниците се главни состојки кои го продолжуваат животот.
Младите мушички кои се хранат со екстракт од брусница живеат дури 25% подолго од мушичките од контролната група кои се хранеле исклучиво со шеќер, додека мушичките од средна и стара доба живееле дури 30% подолго.
Подолгата анализа покажала дека консумирањето брусници кои се богати со фитохемикалии го намалуваат оштетувањето предизвикано од стрес кој доаѓа од околината.
Претходното истражување покажува како сокот од брусница, свежи, смрзнати или сушени брусници делуваат како природен антибиотик кој ги уништува бактериите во телото.Биофлавоноидите кои се наоѓаат во нив имаат посебно антибактериско дејство.
Може да спречат појава на инфекција во уринарниот трактат. Исто така, брусницата делува и на уништување на бактеријата Helicobacter pylori која е причинител за чир на желудник, а го намалува и ризикот од појава на болести на забите и непцата.
Состојките на брусниците го намалуваат ризикот од карцином, како што е ракот на дојка и дебело црево, а го спречуваат и растот на ќелиите на ракот и неговото ширење по телото.
Брусницата помага при подобрување на видот, намалувајќи го шеќерот во крвта. Корисна е за многу работи, поради кои треба постојано да ја имате во домот.