4 начини да го зајакнете имунитетот за време на зимата

За време на зимата, посебно во периодот на празници, кај многумина се забележува опаѓање на имунитетот, чувство на замор и настинка.

4-nacini-da-go-zajaknete-imunitetot-za-vreme-na-zimata-01

Јакиот имунитет е од есенцијална важност за превенција на болестите, но за да го одржиме во добра форма, потребно е да внимаваме што консумираме секојдневно.

Урамнотежената исхрана е важна, па затоа обидете се што почесто да ги консумирате овие 4 намирници:

1. Пробиотици - Намирници богати со добри бактерии, како што се јогуртот, кефирот, алгите и киселите краставички, помагаат во одржувањето на здравиот имунитет.

2. Антиоксиданси - Свежото овошје и зеленчук мораат да бидат дел од вашата секојдневна исхрана заради витаминот Ц и антиоксидансите. Тие помагаат во одржувањето на здравите клетки и ги спречуваат слободните радикали.

3. Чаеви - Зелен, црн, црвен или бел, сите ќе ви помогнат да го сочувате имунолошкиот систем заради тоа што се богати со антиоксиданси и минерали кои го чуваат и ревитализираат организмот. Покрај тоа, чаевите помагаат и кај стомачните болки, заморот и мачнините од секој тип.

4. Здрави протеини - Безмасните месни производи, како пилешкото, телешкото и мисиркиното месо се состојки кои мора да ги вклучите во зимската исхрана. Не ја изоставајте и рибата!

Би можело да ве интересира:

Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
8 намирници кои се богати со магнезиум Една шолја варен спанаќ содржи околу 157 милиграми магнезиум, а иста количина ва...
Синдром на ноќно јадење - Зошто се прејадувате навечер и како да престанете? Чувствувате ли навечер глад, па јадете сѐ што ќе ви се најде при рака? Ноќното ј...
Како најбрзо да ја излечите настинката (и што НЕ треба да правите)? Топлите течности, како чаеви и супи, можат да бидат од помош, но нема цврсти док...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg