Како да се ослободите од непријатниот мирис на нозете?

Студеното време и топлите затворени обувки во кои одите по цел ден се најчести причинители на лошата смрдеа од вашите нозе. Сепак, постои решение за овој проблем.

kako-da-se-oslobodite-od-smrdlivite-noze-01

Проблемот со потењето и непријатниот мирис на стапалата најчесто се јавува зимно време кога нозете ви се затворени во обувките и по десет часа дневно. Непријатноста која може да ви се случи знае да биде мачна и срамна. Да не можете да отидете кај некого дома или да влезете во продавница за чевли за да ги пробате омилените кои сте ги забележале на излогот. Но, за да немате повеќе главоболки, постојат неколку трикови.

Стапалата мора да дишат

Најчестата причина за непријатниот мирис на стапалата е влагата. Обидете се да ги одржите суви со тоа што ќе ги проветрувате со соблекување на чевлите и чорапите секогаш кога ќе имате простор и можност за тоа, кога сте сами.

Носете чорапи кои ја впиваат влагата

Постојат чорапи кои се дизајнирани баш за да помогнат во решавањето на проблемот со непријатниот мирис. Ако немате можност  за да го искористите претходниот совет, тогаш подобро е да вложите малку повеќе пари за да си купите специјални чорапи кои ве штитат од влагата и смрдеата.

kako-da-se-oslobodite-od-smrdlivite-noze-1

Мијте ги нозете во солена вода

Солената вода ја суши кожата, па така може да ја намалите влажноста на кожата што допринесува за решавање на проблемот. По туширањето ставете ги нозете во солена вода и не ги плакнете. Избришете ги со пешкир и оставете да се исушат пред да облечете чорапи.

Направете пилинг за стапала

Пилингот исто така може многу добро да ви дојде. Најдобро е да користите некој домашен производ со јак мирис. Ѓумбир и лимон се одличен избор. Практикувајте масажа од два до три пати неделно.

kako-da-se-oslobodite-od-smrdlivite-noze-2

Користете дезодоранс

Покрај разните мириси кои се произведуваат за нозете, постојат и оние кои се ставаат директно во чевлите и кои се најчесто во форма на пудра. Домашните препарати кои можете да ги користите како замена се пченкарното брашно и сода бикарбона .

Внимавајте на исхраната

Размислете за работите кои ги јадете и внимавајте дали само вашите нозе се потат или имате проблем со мирисот на потта по целото тело. Ако проблемот е поголем, можно е да претерувате со некој производ или состојка во исхраната која влијае на претераното потење.

Мијте ги често нозете

Барем еднаш дневно со антибактериски сапун. Хигиената на нозете е најважна за намалување на овој проблем. Некои луѓе можеби треба и по неколку пати да ги мијат нозете за да го контролираат проблемот.

kako-da-se-oslobodite-od-smrdlivite-noze-3

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Лоши навики во домот кои треба да престанете да ги правите веднаш Колку често ги чистите кваките во вашиот дом? А дали ви текнува да го исчистите ...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg