Билни лекови против болна менструација
Решение за болните менструални грчеви можете да пронајдете во мешавина од билни чаеви и лесна масажа во пределот на стомакот.
Болките за време на менструацијата или менструалните грчеви не се ретки, а повеќето жени ги чувствуваат, но со различен интензитет.
Активните болки во стомакот, придружувани од главоболка, мачнина, повраќање и надуеност најизразени се во првите денови на менструалниот циклус, но може да потраат и во следните денови.
Познат лек е масирање на стомачниот предел со етерично масло од камилица, јасмин, жалфија и гераниум што ги смирува грчевите и ги намалува болките.
Билниот чај подготвен од мешавина од малина, нане и маточина дава одлични резултати и ги намалува болките.
Ѓумбирот е одличен лек против болните менструации, а од него може да направите чај или да го додадете свежо рендан во некој друг чај.
Сварете неколку листови босилек во вода и подгответе си чај. Би требало да пиете по еден мал филџан на секој час, за време на менструалниот период. За да си го подобрите вкусот, може да додадете малку цимет. Ако ви е тешко да пиете чај од босилек заради вкусот, додајте го во храната која ја подготвувате. Слично дејство има и магдоносот.