Зошто треба да спиете минимум 7 часа дневно?
Свесни сме дека работните обврски и брзото секојдневие се најголема препрека во совршениот вечерен одмор, но најмалку што може да направите за вашето здравје е да одвоите нешто повеќе од 7 часа сон.
Зошто баш 7 часа?
РЕМ фазите траат по околу 90 минути, а идеално би било ако можеме да си дозволите точно 5, што значи идеално време на спиењето се 7,5 часа.
Што ќе се случи ако спиете помалку од 7 часа?
Краткорочно, метаболизмот ќе ви се забави и ќе резултира со зголемување на тежината, депресија и мрзоволност. Може да се јави и проблем со краткотрајна меморија, како и опаѓање на имунолошкиот систем.
А, ако гледате малку подолгорочно, тогаш со 7 часа помалку сон се изложувате на кардиоваскуларни проблеми и зголемена шанса за заболување од смртоносни болести.
Што се случува со кожата?
Затоа што сонот и помага на кожата да се регенерира, прекинувајќи го процесот може да бидете жртва на проширени пори, акни, бори...
Каква потреба за кафе имате ако спиете помалку од 7 часа?
Сте забележале дека некои денови едноставно не можете да се одвоите од вашата 6та шолја кафе? Тогаш сигурно сте спиеле помалку од препорачаното.
Функцијата на кафето е да ги разбуди вашите органи и сетила, па затоа доволни ви се 200mg кофеин што е еднакво на 2 до 3 шолји кафе во денот.
Па, затоа следен пат кога ќе претерате, подобро е да легнете отколку да се залажете со уште едно еспресо.
Неколку совети плус за подобар сон:
- Идеално време за легнување е помеѓу 10 часот и полноќ.
- Погрижете се електронските уреди да ги исклучите барем половина час пред да легнете во кревет.
- Менувајте ја навлаката на перницата на точно 7 дена.
- Собата во која спиете нека биде најтемна што може.
- Кога не можете да заспиете, не останувајте во кревет. Подобро е да се раздвижите уште половина час, отколку вашето тело да се навикне дека е во ред да лежите будни.
- Спијте приближно исто време секоја ноќ. Навикнете го организмот да го сфати сонот од 7-8 часа како ритуал.