Чудотворен пијалак кој ќе ве спаси од непријатниот здив

Непријатниот здив може да биде последица од различна храна, заболен заб, лошо варење или пак недоволна орална хигиена. Но, природата за среќа е голем сојузник на здравјето, па овој проблем може да го елиминирате со само неколку голтки здрав, природен шејк.

cudotvoren-pijalak-koj-ke-ve-spasi-od-neprijatniot-zdiv-01

Еден од најпознатите зачини - циметот содржи есенцијални масла кои ги елиминираат бактериите во грлото кои најчесто се причина за лошиот здив.

Лимонската киселина го неутрализира остатокот од храната, а спанаќот и магданосот ги убиваат бактериите во системот за варење.

Мешавината од овие состојки со додаток на мед ќе ве спасат од непријатниот здив кога ќе ви биде најпотребно.

Состојки за подготовка на шејкот:

  • 1 лимон
  • ½ лажица цимет
  • 1 ½ лажица мед
  • 2 лажици спанаќ
  • 10тина гранки магданос
  • 0,5 dcl топла вода

Подготовка:

Добро измијте го спанаќот и листовите магданос, ставете ги во блендер и додајте го сокот од лимонот и топла вода. Сè добро измешајте, а на крајот додадете цимет и мед.

Овој моќен пијалак можете да го чувате во ладилник и да го консумирате наутро, на празен стомак.

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
5 работи што треба да ги правите за да спречите отекување на нозете во лето Солената храна предизвикува отекување. Па, во лето пробајте да го намалите колич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg