Пресметајте: Колку е старо вашето тело?
Дали со мака се искачувате по скалила и ги извршувате секојдневните активности? Ако е така, пресметајте колку навистина е старо вашето тело. Може да се изненадите од резултатите.
Сè што треба да направите е да внесете одредени податоци: колку вежбате, колкав е обемот на вашиот струк, бројот на отчукувањата на срцето и автоматски го добивате вашиот резултат.
Истражувачите од Норвешкиот универзитет откриле дека само пет мерки се потребни за да дадат прилично точна бројка.
Годините на вашето тело се пресметуваат според тоа како телото физички функционира во споредба со тоа како би требало да функционира.
Ако бројот на добиени години е многу помал од оној кој го имате, тогаш вие сте здрава и активна личност, но ако резултатите се во спротивен правец, односно ви бидат пресметани повеќе години отколку што имате - време е да се посветите на здравиот начин на живот.
Тука можете да ја пресметате староста на своето тело.