Како да останете активни во текот на зимата?
Постојат безброј начини како можете да останете физички активни за време на постудените денови, но само треба да сакате.
Ако ви е здосадено од теретаната и истите вежби, ви предлагаме 7 сосема обични начини како да го сочувате вашето здравје и да останете во форма без ригорозни распореди.
1. Во право сте ако помисливте дека шопингот е крајно исплатлива работа. Упатете се кон пријателката и обиколете го шопинг центарот и разгледајте ја секоја продавница.
2. Набавете тегови за раце и вежбајте додека ја гледате омилената серија. Ако не можете да си дозволите тегови, подигајте шишиња со вода или тешки предмети.
3. Купете или симнете си од интернет некоја програма со вежби. Ова е забавен начин собата да ја претворите во теретана, а и позабавно е додека надвор врне дожд.
4. Ако живеете во зграда со лифт, избегнувајте да го користите. На овој начин ќе бидете во подобра кондиција, а имате и шанса да ги затегнете задникот и нозете.
5. Почесто средувајте ја куќата. Активирајте се и бришете прозори, средувајте гардеробер и бришете прашина. Спојте го убавото и корисното!
6. Затоплете се и изнесете го кучето на шетање. Нека тоа стане ваша секојдневна рутина. И телото и миленикот ќе ви биде благодарен.
7. Кога ќе падне првиот снег уживајте во неговите игри. Ќе биде позабавно и поздраво отколку што мислевте.