Како секогаш да бидете наспани и одморени?

Ако сакате да бидете наспани и одморени, советот на стручњаците е сите седум дена во неделата да се будите во приближно исто време, а електронската пошта и смс-пораките да ги читате исклучиво надвор од спалната соба.

kako-sekogas-da-bidete-naspani-i-odmoreni-01

Сигурно се прашувате како некои луѓе се секогаш наспани, добро расположени и одморени. Еве неколку совети до кои треба да се придржувате:

1. Будете се секогаш приближно во исто време

Секако дека за време на викендот ќе поспиете малку повеќе, но научниците советуваат дека добро е ако можете и за време на викендот да се придржувате до правилата, односно да се будите барем во приближно исто време како во работните денови, за да не доаѓа до постојана промена на биоритамот.

2. Без технологија

Иако според последните истражувања се заклучило дека дури 63 проценти од луѓето спијат со вклучен мобилен телефон и лаптоп покрај главата, се смета дека ова е лоша навика од која треба да се откажете. Всушност, светлата од овие уреди на мозокот му испраќаат сигнали дека е време за будење, па не е ни чудно доколку вашата спална соба е полна со електронски уреди, да не можете да спиете убаво.

3. Попладневен одмор

Ако сакате да бидете креативни и продуктивни на работа, клучот лежи во попладневниот сон. Научниците препорачуваат само 30 минути, бидејќи сè што е повеќе од тоа телото го доведува во фаза на длабок сон. Најдобро време за попладневен одмор е меѓу два и три часа попладне, но никако над четири часа, бидејќи подоцна тоа ќе се одрази на лошиот сон навечер.

kako-sekogas-da-bidete-naspani-i-odmoreni-1

4. Движете се

Луѓето кои се движат почесто, подобро спијат. Тоа не значи дека треба да вежбате како да се спремате за маратон, но прошетка по ручекот или вечерата секако може да ви помогне навечер подобро да заспиете.

5. Хранете се подобро

Јадете и пијте во вистинско време. На сите им е познато дека појадокот треба да биде појак и покалоричен, а вечерата полесен оброк кој нема да ви падне како камен на желудникот и да ви предизвика мачнини, надуеност и други проблеми кои ќе ви го нарушат сонот.

kako-sekogas-da-bidete-naspani-i-odmoreni-2

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg