10 тајни на луѓето кои никогаш не се разболуваат
Во време на настинки и вируси, кога секој момент очекувате да ви дојде и вам редот и да легнете болни, бидејќи на секој чекор се среќавате со настинати луѓе или променлива клима, добро е да знаете 10 совети кои ги применуваат луѓето кои речиси никогаш не се разболуваат:
1. Бидете активни и во канцеларија
Доколку работната позиција ви е со седење пред компјутер цело работно време, не заборавајте на секои 45 минути да правите паузи, да прошетате низ канцеларија, за да ја подобрите циркулацијата.
2. Ладен туш
Одлично е за циркулацијата, кожата, за подобрување на расположението и будење на телото, доколку туширањето го завршите со ладен туш. Ги буди сите сетила и ви дава енергија. Со тоа телото добива поголема енергија и се зајакнува имунитетот.
3. Подобрете го социјалниот живот
Луѓето кои имаат подобар социјален, друштвен живот, повеќе комуницираат и разговараат имаат подобар имун систем дури и до 50 %. Не заборавајте барем двапати неделно да се среќавате и да разговарате со пријателите во живо, а не преку интернет.
4. Јадете лук
Одамна е докажано дека лукот го регулира крвниот притисок и холестеролот. Јадете го сиров или зготвен но без додатоци за да не му го намалите ефектот.
5. Правете почести дремки
Покрај регуларното време за спиење, доколку можете, добро е околу 13 и 15 часот попладне да правите мала дремка со што ќе го освежите и мозокот и организмот. Така подобро ќе функционирате и нема целосно да се истрошите наеднаш.
6. Пијте црвено вино
Црвеното вино не само што штити од срцев удар, туку и го продолжува животот, според некои медицински истражувања во Британија. Добро е дневно да се напиете една до две чаши. Но, да не претерувате.
7. Вежбајте јога
Оние кои практикуваат јога имаат многу поиздржлив и балансиран имунолошки систем кој е отпорен на микроорганизмите кои го напаѓаат организмот. Со јогата се регулира и високиот крвен притисок и покаченото ниво на шеќер.
8. Намалете ги калориите
Јадењето полесна или понекалорична храна го подобрува целосно организмот иако некои сметаат дека за појак имунитет е подобро поголемо количество храна. Всушност со јадењето помалку калорична храна, без да ги избегнувате витамините, се регулираат триглицеридите и холестеролот во организмот, телото има повеќе енергија, а со тоа и способност да се одбрани од болестите.
9. Намалете си го стресот
Доколку почесто сте изложени на стрес, полесно се разболувате. Стресот е сериозн заканувач на болестите, бидејќи организмот кој е постојано изложен на стрес е многу послаб и неспособен да се избори со нападот на болестите. Лесно се предавате и немате сила да се борите со поголема енергија.
10. Пијте повеќе јогурт
Ако пиете барем еден литар јогурт дневно, ќе внесувате доволно калории, како замена за грицките кои ги поткаснувате, ќе имате повеќе енергија, а ќе ви се подобрат и гастро функциите поради корисните бактерии кои ги има во него, способни да ги уништат штетните микроорганизми кои ви предизвикуваат некои внатрешни функции и болести.