Како да се заштитите од есенските болести?
Со опаѓањето на температурите, ветерот и дождовите, освен есенската меланхонија се јавуваат и голем број на настинки и грипови.
Се прашувате дали има начин оваа есен да се заштитите од нив? Еве неколку трикови и совети...
Спречете го грипот
Есента е идеално време за годишните вакцини кои најдобро ќе ве заштитат од сезонскиот грип.
Внимавајте, кога веќе сте се настинале прекријте ги носот и устата со мало марамче, за да го спречите заразувањето.
Ако имате и најблаги симптоми на грип, најдобро е да останете дома додека не се излечите.
Внимателно со антибиотиците
Антибиотиците ги лечат бактериските инфекции, не оние кои ги предизвикуваат вирусите. Обичната настинка или грип се вирусни инфекции и потполно погрешно е да ги лечите со антибиотици.
Непотребното користење антибиотици предизвикува создавање на бактерии од кои е многу потешко подоцна да се излечите.
Подгответе се за студено време
Изложувањето на ниски температури може да предизвика сериозни здраствени проблеми. Децата и старите лица се посебно чувствителни, па затоа не штедете на топли јакни и обувки!
Јадете лук
Додадете го во сосови и консумирајте го во било каква форма. Истражувањата покажуваат дека ензимите од белиот лук помагаат во испуштањето на серотонин.
Добро мијте ги и сушете ги рацете
Чистите раце се еден од најважните чекори ако сакате да ги избегнете можните болести и ширење на бактерии. Најдобро е да ги миете околу 20тина секунди со сапун и вода.
Ако тоа е невозможно, користете влажни марамици со високо ниво на алкохол.
Освен честото миење на рацете, важно е добро да ги исушите затоа што бактериите побргу се шират на влажни површини.