Едноставен и ефикасен лек против болки во грлото
Зимата е сезона на грип и настинки, па не е чудно ако боледувате од непријатно печење и гребење на грлото. Наместо да се излечите со антибиотици и апчиња кои не ни знаете колку ќе помогнат, подгответе го овој ефикасен лек кој ќе ве спаси од болното грло за многу кратко време.
Подготовка: Во една тегла насечкајте еден лимон и ѓумбир на тенки кришки, а потоа додадете мед. Затворете ја теглата и ставете ја во фрижидер, каде што ќе се претвори во желе.
Користење: Земете супена лажица од подготвеното желе, ставете ја во чаша и прелијте ја со врела вода. Чајот пијте го кога и да посакате или имате потреба.
Рокот на траење му е околу 3 месеци, што е одлична предност на овој лек. Препорачлив е и за деца и стари лица затоа што не содржи неприродни и штетни состојки.