Трикови за бели заби и блескава насмевка
Привлечната насмевка е многу важна, а единствен предуслов е да имате одржувани бели заби и редовна хигиена.
Со помош на само шест трикови, може да имате сјајни и блескави заби, а на вашата насмевка нема да може никој да ѝ одолее.
1. Одржувајте редовно хигиена
Една од најважните работи се лична и орална хигиена. Редовно мијте ги забите и сигурно ќе имате блескава насмевка.
2. Користете паста за избелување на забите
Стоматолозите не советуваат користење силно концентрирани пасти за избелување заби, но можете да ги користите послабите. Доколку редовно ги користите , постепено вашите заби ќе избелат.
3. Водете сметка каков кармин користите
Многу е важна бојата на карминот кој го нанесувате, бидејќи постојат нијанси кои можат да направат вашите заби да изгледаат потемни. Кој било кармин со розева или виолетова нијанса ги прави вашите заби побели.
4. Избегнувајте храна која остава дамки
Вино, кафе и секоја обоена храна само им штети на вашите заби.
5. Мастики без шеќер
Доколку сакате да џвакате мастики, потрудете се да ги користите оние кои се без шеќер.
6. Посетете забар
Доколку ви се темни забите, а не знаете која е причината, посетете го вашиот стоматолог и посоветувајте се со него.