Мали промени за подолг живот
Тешко е да направите големи животни промени. Обично е потребно многу труд и треба да жртвувате многу работи кои ги сакате. Наместо да правите радикални промени во животот, направете повеќе мали промени, кои можат значајно да ви помогнат во превенцијата на многу болести и да ви го олеснат живеењето.
Неправилните навики се една од причините поради кои многу луѓе патат од разни здравствени проблеми. Меѓутоа, ако заземете поинаков став, сè ќе ви изгледа поинаку.
Ви претставуваме неколку мали совети кои можат да ви го променат животот.
1. Јадете риба барем еднаш неделно
Рибата содржи омега-3 која помага за заштита од срцеви заболувања.
2. Чистете ги забите со сува четка
Четкањето на забите со сува четка го намалува создавањето масни наслаги за 60 отсто.
3. Никогаш не го прескокнувајте појадокот
Оние кои редовно појадуваат, можат да изгубат и до 30 кг од својата тежина и да не се здебелат барем во наредните 5 години, доколку внимаваат на својата линија.
4. Јадете повеќе тестенини
Неделно, од две до четири порции тестенини со сос од домати можат да го намалат ризикот од рак на простата дури до 34 %.
5. Внимавајте на очите
Исхраната која е полна со масти, протеини и алкохол, влијае на холестеролот кој влијае на заматувањето на вашите очи.
6. Декорирајте си ја чинијата
Дури и она што помалку го јадете, ако добро си го сервирате ќе ви изгледа повкусно и ќе уживате.
7. Помогнете
Докажано е дека оние кои се занимаваат со добротворна работа имаат половина помала смртност од оние кои не го прават тоа.
8. Со стомачни вежби против болките во грбот
Дури 75 % од проблемите во долниот дел на грбот се спречуваат со вежби за мускулите на стомакот.
9. Прескокнете го второто кафе
Кофеинот од два филџана кафе ја забрзува работата на вашето срце за 16 отчукувања во минута.
10. Вежбајте за да ја намалите депресијата
Многу студии докажале дека секојдневната физичка активност влијае како антидепресив.
11. Спијте подобро со вишни
Вишните и сокот од нив се преполни со меалтонин, кој многу позитивно влијае за добар сон.
12. Ставете книга на перницата
Превиткајте ја перницата и ставете книга, кога ќе ја пуштите ако се врати во првобитната положба, значи дека спиете на добра перница.
13. Воден пешкир против утринскиот замор
Доколку се разбудите уморни од спиењето, сè што треба да направите е со мокар студен пешкир да поминете по торзото, рацете и нозете. Тоа ќе ве ослободи.
14. Подигнете го ретровизорот
За да не се вкочанувате додека возите подигнете го ретровизорот за секојпат кога треба да погледнете, да морате да се подигнете.
15. Јадете банани
Калиумот кој го содржи ова овошје, го намалува крвниот притисок. Една банана дневно ви е доволна.