Дали диетата нè прави поглупави?
Диетата може да нè направи потенки, но најновите истражувања покажале дека може да биде и штетна за менталниот капацитет.
Опсесивното броење на калориите и воздржувањето од храна го оптоварува мозокот и им остава малку простор на оние што држат диета, да размислуваат за нешто друго.
На површина испливуваат нови негативни аспекти на диетата.
Оптоварувањето на мозокот на овој начин негативно делува на нашата способност да се избориме со многу задачи со кои се сретнуваме во текот на денот, на способноста за логично расудување, решавање на проблемите и приемот на нови информации.
Студиите покажале дека оние што држат диета имаат помал капацитет за остварување на сите овие задачи за разлика од оние кои не се на диета.
Постојат и други аспекти на диетата кои може да делуваат на капацитетот на мозокот, како што се стандардни „размени“ (како на пример, јадете колач, па за возврат мора да го прескокнете предјадењето за време на вечерата).
Истражувачите на едно истражување во 2005 година забележале дека оние што не држат диета едноставно ќе изедат некој колач и поминуваат на следната задача.
Од друга страна, оние што се на диета по јадењето на колачот поминуваат неколку минути пресметувајќи колку калории внесле и размислувајќи зошто воопшто го изеле.
Тоа ни зборува дека диетата која бара помалку размислување има подобри шанси да биде успешна.