Кавгаџиите се поздрави?

Оние кои ги задржуваат негативните емоции во себе покажуваат симптоми на физички проблеми, додека оние кои се впуштаат во расправии имаат ниско ниво на хормонот на стрес и не чувствуваат никакви тегоби.

kavgadziite-se-pozdravi

Луѓето кои не бегаат од расправии, туку ја искажуваат лутината и бесот се поздрави од оние кои го потиснуваат бесот и се повлекуваат од конфликти, тврдат истражувачите од Институтот за социјални истражувања при Универзитетот во Мичиген.

До овој заклучок дошле анализирајќи податоци од 1.842 испитаници од 33 до 84 години старост. Испитаниците кои чувствувале тензија и биле преплавени со негативни емоции кои ги задржувале во себе покажувале симптоми на физички тегоби, од болки до сериозни заболувања.

За разлика од нив, испитаниците кои се впуштале во расправии во текот на претпладнето, попладне чувствувале апсолутен мир, без ниту еден вознемирувачки симптом. Нивото на кортизол, хормонот на стрес, кај нив бил низок, во однос на испитаниците кои сè задржувале во себе.

Затоа Кара Бридит, раководителот на истражувачкиот тим советува ниту еден конфликт да не се гуши, туку со расправа да се дојде до решение, без разлика дали станува збор за несогласувања со директорот, партнерот, децата или некој од опкружувањето.

Каква е вашата пракса? Ги решавате проблемите со разговор, или ги чувате во себе?

Би можело да ве интересира:

Вие прашувате, психолог одговара: „Немам желба да правам ништо, дали страдам од депресија?“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Симптоми на мини мозочен удар што не треба да ги игнорирате Минливиот исхемичен напад неретко е знак дека наскоро може да дојде до мозочен у...
Зошто ви се појавуваат афти и како да ја намалите болката? Стресот, но и цитрусното овошје можат да бидат причина за појава на афти. Иако о...
Симптоми кои укажуваат на тромб во ногата (и не треба да ги игнорирате) Прекумерната тежина, како и долгото седење го зголемуваат ризикот од тромб на но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg