Не го одложувајте мајчинството: Ризиците во доцната бременост се огромни
Дека одложувањето на бременоста лошо влијае на жената, покажа и најновото истражување. Ако првата бременост не им се случи пред 35 година, според неодамнешното британско истражување, жените имаат многу поголеми шанси да се сретнат со бројни здравствени проблеми, меѓу кои неплодноста и спонтаните абортуси.
Поточно, жените кои го одложуваат мајчинството до последен момент, подоцна имаат проблем за забременат, а дури и ако тоа се случи, ризиците кои се закануваат се огромни.
Жените најчесто ја одложуваат бременоста заради кариерата или неповолните услови, но не се свесни дека работите нема да се променат драстично за само неколку години, а тие само ќе бидат постари, со помалку енергија и со далеку помали шанси да родат здраво дете.
И мажите и жените треба да запаметат дека постојат огромен број на причини зошто е подобро да се биде родител уште денес!