Со што е поздраво да се разбудите: Кафе или чај?

Постојаната дилема на оваа тема е актуелна веќе извесно време, па не е ни чудо што многумина се двоумат за тоа дали да се будат со кафе и чај. Едните го сакаат кофеинот, другите пак билниот врел пијалак, но во секој случај секогаш размислуваат што ако се будат со другата опција?

so-sto-e-pozdravo-da-se-razbudite-kafe-ili-caj-01

Дали доволно е здраво да се будите со кафе? Дали чајот навистина ви го буди мозокот? Откријте ги предностите, а потоа самите проценете што повеќе ви одговара.

Предностите на чајот

Откриено е дека белиот чај содржи повеќе антиоксиданси отколку зелениот, што значи дека е поефикасен во борбата против неколку видови рак, воспалувања и срцеви болести.

Зелениот чај ја зголемува оксидацијата на масти.

Белиот чај го спречува производството на масни наслаги, а со тоа помага во борбата против вишокот килограми.

Го спречува развојот на дијабетес од тип 1 и го забавува напредокот ако веќе се појавил.

Оние кои пијат повеќе од 10 шолји чај дневно имаат помалку проблеми со црниот дроб.

Луѓето кои пјат црн чај четири пати дневно имаат пониско ниво на кортизол, хормонот кој предизвикува стрес.

so-sto-e-pozdravo-da-se-razbudite-kafe-ili-caj-02

Предностите на кафето

Луѓето кои пијат многу кафе имаат помалку шанси да заболат од Алцхајмерова болест.

Ако кафето се пие подолг период, може да го намали ризикот од срцеви болести.

Состојките кои се наоѓаат во кофеинот се користат и за лекови за лечење на срцеви болести и против несоница.

Студиите покажале дека кафето помага во спречување на дијабетесот од тип 2.

Кофеинот ја зголемува ефективноста на лековите против болки.

Кафето го штити црниот дроб, посебно од цироза и рак.

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg