Пробајте: Евтина нега

За квалитетна нега не ви се потребни скапи препарати, туку свежи намирници од кои можете да направите убави маски, пакувања и пилинзи и при тоа да заштедите.

probajte-evtina-nega

Купката на Клеопатра
За волшебно мека кожа во топла вода ставете 200 ml павлака и три лажици масло од орев. Наместо павлака можете да користите и млеко.

Пилинг со мед
За чиста и мазна кожа на телото натправете пилинг од мед. Измешајте две лажици морска сол со четири лажици мед, истријте го телото и истуширајте се.

Таратур маска
За поголема влажност на кожата направете маска од јогурт и краставица. Нанесете јогурт во тенок слој, а преку него ставете тркалца од краставица и оставете ги 20 минути на лицето.

Маслиново масло за нежен врат
Изматете три лажичиња топло маслиново масло и малку мед, нанесете на вратот и замотајте со влажна памучна крпа. Оставете 20 минути да стои па исплакнете со млака вода.

Пакување од авокадо и јајца
Освежете ги сувите и оштетени краеви и вратете и го сјајот и јачината на косата со маска од авокадо и јајце. Изматете изгмечено авокадо со две жолчки и нанесете ги на косата. По 20 минути темелно исплакнете ја косата.

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Колку крем за сончање треба да нанесете за да спречите изгореници, според дерматолог? Ставате ли доволно крем за сончање? Колку крем треба да нанесете и кога, според ...
5 работи што треба да ги правите за да спречите отекување на нозете во лето Солената храна предизвикува отекување. Па, во лето пробајте да го намалите колич...
Природни лекови за воспалени мускули + зошто се јавува болка по вежбање? Не постои волшебен лек што веднаш ќе ја намали болката во мускулите по вежбање, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg