Време е за есенска детоксикација
Иако сончевата енергија позитивно влијае на нашето расположение и ја збогатува кожата со витамин D, во текот на летните месеци можно е организмот да се исцрпи што доведува до опаѓање на имунитетот.
За да си ја вратите силата и да го подготвите организмот за новата сезона, израдувајте го вашето тело со пијалак од само 4 состојки кои го зајакнуваат имунитетот и ја прават кожата посјајна.
Потребни состојки:
- 2l вода
- 1 свежа краставица
- 1 лимон или 2 лимети
- 10-12 листови нане
Подготовка:
Краставицата и лимонот добро измијте ги и исецкајте ги на ситни парченца. Добро промешајте ги и додадете им ги листовите нане. Сите состојки оставете ги во стаклен сад, промешајте ги уште еднаш и прелијте ги со вода.
За крај, добро затворете го садот и оставете ја течноста да се олади.
Пијте по една чаша вода дневно од овој пијалак, пред или по јадење. Неговото дејство не зависи од начинот на исхрана.