Вежбајте додека ја гледате омилената серија

Седењето пред телевизор е штетно за срцето и крвните жили, тоа одамна го знаеме. Но, во борбата со здравјето и задоволството може да ви помогнат неколку едноставни вежби кои ќе ви го сочуваат телото во добра форма, а воедно нема да пропуштите ниту еден дел од омилениот филм или серија.

vezbajte-dodeka-ja-gledate-omilenata-serija-01

Зацврстете ги рацете и задникот брзо и едноставно

Седнете на работ на троседот и ставете ги рацете неколку сантиметри под колковите. Лесно спуштете го задникот кон подот додека се придржувате со рацете на троседот, па потоа  кренете се. Повторете ја вежбата 4 пати, а доколку сакате да го зацврснете задникот, а не рацете, исклучете го делот каде што се придржувате.

Вежбајте, а не ги мрдајте очите од екранот

Потпрете се на ѕидот кој е спротивно поставен од вашиот телевизор, а притоа потпрете се. Започнете да се спуштате до подот, додека стоите потпрени и постојте во таа положба 10тина секунди. Одморете некој минута, па потоа повторете ја вежбата. Супер вежба за зацврстување на задникот и мускулите на нозете.

Зацврстете ги мускулите на стомакот

Пред да седнете на троседот земете едно шише вода и искористете го за вежбање. Седнете така што рамениците ќе ви стојат исправено, земете го шишето со вода и фатете го со две раце. Рацете испружете ги пред вас, а потоа ротирајте го телото лево-десно. Вежбата повторувајте ја по 20 пати на секој половина час.

Би можело да ве интересира:

Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Колку е опасен убодот од болви + како да го намалите чешањето? Убодот од болви обично не е опасен, но кај некои луѓе може да предизвика алергис...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
5 работи што треба да ги правите за да спречите отекување на нозете во лето Солената храна предизвикува отекување. Па, во лето пробајте да го намалите колич...
Зошто не треба да заспивате пред телевизор? Светлината во текот на ноќта го намалува нивото на мелатонин, што, пак, е поврза...
Лоши навики во домот кои треба да престанете да ги правите веднаш Колку често ги чистите кваките во вашиот дом? А дали ви текнува да го исчистите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg