Сенф против болки и изгореници
Пријатниот вкус и мирис не е сè што сенфот содржи. Воедно, тој е одлично средство против болки и изгореници.
Ако сте се изгореле одлично би било да се намачкате со дебел слој сенф, по што болките ќе се намалат, како и непријатното црвенило.
Во случај да сте настинале и да ве гребе грлото, добро промешајте сенф, половина лимон, половина лажица сол и мед и половина шолја зовриена вода. По 10 минути, откако течноста ќе се олади земете една голтка. Мешавината нема пријатен мирис или вкус, но е делотворна.
Овој зачин ќе ви помогне и да ги опуштите мускулите кои ве болат од претерано вежбање. Ако чувствувате болка во целото тело направете купка. Измешајте две лажици сенф, лажица морска сол и смесата ставете ја во полна када. По оваа купка задолжително е туширање за да отстраните мирисот на сенф.
Ако страдате од болки во долниот дел од грбот, помогнете си со едноставна паста која се прави од мелено синапово семе и два пати повеќе брашно. Лесно промешајте ја пастата со малку топла вода и ставете ја смесата на болното место. Зацврстете со завој или крпа и држете ја пастата околу 30 минути, а потоа исплакнете со топла вода.