За 10 дена до витка линија од соништата

Со протеински шејк кој сами може да го подготвите, зелен чај наместо кафе, голема количина на вода и малку дисциплина чудата се возможни.

za-10-dena-do-vitka-linija-od-sonistata-01

За да пресметате колку вода му е потребна на вашето тело поделете го бројот на килограми со 20 и ќе добиете колку литри вода дневно би требало да внесете.

Пијте зелен чај наместо кафе или обичен чај.

Секое утро на празен стомак испијте 1 лажица лимонов сок и половина лажица мед, растворени во 1 чаша вода. Овој трик ќе ви донесе феноменални резултати.

Зголемете го внесувањето на протеини – Протеинскиот оброк практикувајте го два пати на ден, а намалете ги јаглехидратите. Консумирајте и храна богата со природни влакна.

Консумирајте 3 оброци дневно, а измеѓу одлучете се за здрави грицки наместо чипс или чоколадо.

Избегнувајте го црвеното месо, шеќерот и солта. Бирајте салати наместо сокови, затоа што подолго ќе ве држат сити.

Не прескокнувајте оброци, но намалете ја количината на полната чинија.

za-10-dena-do-vitka-linija-od-sonistata-02

1, 2, 3 ден

Сок од лимон и мед пред појадок. Појадок до 9 часот – житарици или протеински оброк. Ручек до 13 часот – мала шолја варен ориз и 3 вида зеленчук сварен на пареа. Предвечер напијте се зелен чај без шеќер. За вечера јадете 2-3 парчиња свежо овошје или зеленчук.

4, 5, 6 ден

Пред појадокот не го заборавајте сокот од лимон и мед. До 9 часот внесете протеински оброк, а до 13 часот ручек – 1 шолја варен ориз, индиско лепче и зеленчук подготвен по желба. Пијте зелен час сè до 17 часот, а потоа за вечера почастете се со вкусен сендвич од индиско лепче и многу зеленчук.

7, 8, 9, 10 ден

Пред појадокот овој пат консумирајте по една шолја свежо сварен зелен чај без шеќер, а појадокот нека биде пред 9 часот – како и претходните денови протеински оброк. За ручек комбинирајте ориз и зеленчук, но овие неколку дена наместо леб јадете риба или соја. До 17 часот практикувајте да пиете зелен чај колку повеќе можете, а за вечера повторно јадете протеински оброк богат со природни влакна.

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
8 намирници кои се богати со магнезиум Една шолја варен спанаќ содржи околу 157 милиграми магнезиум, а иста количина ва...
Брз тест со кој ќе го проверите ризикот од рана смрт – Колку долго можете да стоите на една нога? Според тест на National Health Service од Англија, луѓето на возраст до 50 годин...
Колку крем за сончање треба да нанесете за да спречите изгореници, според дерматолог? Ставате ли доволно крем за сончање? Колку крем треба да нанесете и кога, според ...
Голема кашлица: Колку е опасна за деца и возрасни и како да се заштитите? Таканаречената голема кашлица е респираторна инфекција која најчесто се јавува к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg