3 дополнителни причини за омилениот сладолед
Најубавиот летен десерт има десетици вкусови и нијанси во сите пастелни бои кои во комбинација изгледаат весело и безгрижно.
Во сладоледот можеме да уживаме, секако ако го консумираме во умерени количини, а еве и 3 дополнителни причини поради кои би требало да ги пробаме сите неиспробани вкусови на сладолед.
1. Обилува со калциум
На возрасен човек дневно му е потребно околу 1.000 mg калциум, додека бремените жени и децата имаат зголемена потреба од овој минерал. Поради млекото како основна состојка во производството на сладоледот, оваа намирница добро ќе послужи и како еден од изворите не само на калциум, туку и на витамин А и Витамин Б.
2. Помага во одржување на телесната маса
Поради присуството на шеќер и млечни маснотии разладени на идеални – 6 степени Целзиусови, сладоледот се смета за „опасен“ за одржување на телесната маса.
Некои студии тврдат дека всушност содржината на калциум ја намалува неговата калориска вредност која изнесува помеѓу 125 и 300 калории на 100 грама производ, зависно од количината на млеко, шеќер и овошје во него.
Тоа не значи дека со сладоледот се слабее, туку само дека е помал грев од другите десерти со сличен број на калории.
Ако сакате да бидете сигурни дека нема да влијае на вашата балансирана диета, пости „лајт“ верзија на сладолед со помала количина маснотии и засладен со фруктоза или вештачки засладувачи наместо со сахароза.
3. Содржи витамини и антиоксиданси
Овошниот сладолед кој се подготвува од замрзнато или свежо овошје преставува здрава исхрана, а поради содржината на витамини има и дополнително добро дејство врз организмот.
Вкусовите на кафе и чоколадо, ако навистина потекнуваат од зрна кафе и какао му даваат на сладоледот и дополнително антиоксидантно дејство, па така го штитат срцето, крвните садови и имунолошкиот систем.