Како да ја избегнете дехидратацијата во лето?
Со оглед на тоа дека температурите се сè повисоки, а потењето поприсутно, внимавајте на течностите во вашиот организам. Посебно внимателни би требало да бидат спортистите, трудниците и повозрасните лица.
Во текот на летните месеци пијте и кога не сте жедни. Секогаш до вас имајте едно шише вода, а додека сте дома задолжително подготвувајте свежо цедени сокови, незасладени лимонади, богати супи со зеленчук и оладени билни чаеви.
Јадете доволно сезонско овошје, пред или помеѓу оброците и секогаш избирајте ги оние кои се најбогати со вода. Одличен избор се дињите, лубениците, краставиците, доматите и тиквичките.
Внимателно со алкохолот, затоа што тој ги црпи сите течности кои ги имаме во телото и го пореметува системот за терморегулација. Затоа, одберете чаша лимонада, наместо чаша пиво кога сте жедни.
Последно, но не најмалку важно се зачините. За време на летните жештини не ја пресолувајте храната и никако не ставајте зачини.