10 извори на непријатните мириси
Можеби ви се случува вашето тело да има непријатен мирис, а за тоа да не можете да ја утврдите причината. Туширањето не помага, дезодорансите исто така. Погледнете зошто...
1. Стресна работа
Познато чувство: Вие сте под голем стрес поради разговорот со претпоставените во кој ви е навестено дека може да бидете отпуштени од работа и одеднаш срцето ви чука забрзано, побргу дишете, се потите. Нервозата го активира ослободувањето на кортизолот, хормонот на стрес кој го зголемува потењето, па почнувате да мирисате однадвор онолку лошо колку што се чувствувате и внатрешно.
2. Осцилации на нивото на шеќерот во крвта
Благиот мирис на кетоните во здивот е познат знак од неколкуте проблеми поврзани со нивото на шеќерот во крвта. Обично во прашање е диабет, но може да биде и последица на хипогликемија. Ова е еден од мирисите на вашето тело кој никогаш не би требало да го игнорирате.
3. Таблети за контрацепција
Големата количина на лекови, било да се на рецепт или без него, имаат несакани ефекти кои што може да предизвикаат зголемено потење. На пример некои таблети за контрола на раѓањето предизвикуваат сушење на устата, што може да доведе до создавање на сулфур во вашата уста кој мириса на расипано јајце.
4. Проблеми со столицата
Храната со премногу растителни влакна доведува до лош мирис на вашата столица, а премалку растителни влакна може да предизвикаат запек, затоа регулирајте ја исхраната.
5. Недостаток на минерали и витамини
Магнезиумот е минерал на кој не му се обрнува големо внимание во диетите, а тој е многу важен за помнењето. Тој помага и во намалувањето на јачината на телесните мириси.
6. Пржена храна
Кромидот и лукот, карито и другите силни зачини ја прават вашата пот силна исто како и помфритот. Маслото во пржените и печените намирници може многу бргу да ужегне и така да предизвика слабо варење, а со смаото тоа и зголемен непријатен мирис на телото.
7. Гумени бонбони
Бактериите се уште една причина за лош мирис, а ги сака гумените бонбони исто како вас. Ако јадете премногу слатко, нема да страда само вашата линија туку преработениот шеќер може да доведе до пораст на квасците кои шеќерот ќе го претворат во алкохол, а тогаш сигурно нема убаво да мирисате.
8. Инфекции на уринарниот тракт
Инфекциите на уринарниот тракт се секогаш непријатни, но многумина не знаат дека првите знаци на инфекцијата се „зголемениот амонијак“ или дури „слаткиот“ мирис.
9. Диета со ниско ниво на јаглени хидрати
Вегетаријанците и оние што не се долго време ги оптужувале другите дека лошо мирисаат поради своите диети. Се покажало дека се во право. Поради хемискиот состав на човечкото тело, некои луѓе не можат лесно да ја сварат хранат која што содржи големи количини на холини: јајца, риба, црн џигер и мешункасти растенија. Како резултат на тоа се јавува „рибен“ мирис кој може да е многу непријатен.
10. Несигурни препарати против потење
Можеби звучи контрадикторно, но средствата кои ги користиме за да ги елиминираме непријатните мириси може да предизвикаат спротивен ефект. Состојките не некои антиперспиранти, дезодоранси, купки и спреови за тело може да го поттикнат развојот на смрдливи бактерии хранејќи ги. Затоа, внимателно со изборот на антиперспиранти!