Водич за преживување на пеколните горештини
Нè очекуваат високи температури и топли денови. За полесно да ги преживеете жештините, следете ги следните препорачани мерки и правила:
1. Никако на сонце од 10 до 17 часот.
2. При излегување, задолжително заштитете ја главата.
3. Дневно пијте од 2 до 3 литри течности.
4. Избегнувајте пржена, мрсна, слатка и зачинета храна.
5. Повозрасните треба редовно да го контролираат крвниот притисок.
6. Движење низ градските жештини исклучиво рано наутро и во вечерните часови.
7. Јадете големи количини сезонско овошје и зеленчук.
8. Внимателно со температурата во автомобилите. Избегнувајте големи температурни разлики.
9. Носете памучни и летни тенки пријатни материјали.