Шампионското мени на Новак Ѓоковиќ
Кога Новак Ѓоковиќ во 2011 го освои врвот на светскиот тенис и еден куп титули, на многумина не им беше јасно како успеа за толку кратко време да се избори со повредите, малаксаноста и алергиите кои го мачеа до тогаш. Одговор на ова прашање дава неговиот поранешен, личен доктор Игор Четојевиќ, кој откри дека Ѓоковиќ е чувствителен на глутен, протеин кој го има во пченицата.
Сето ова се случуваше во 2010 година, кога Ноле го смени режимот на исхрана и престана да внесува глутен низ оброците.
Така, наместо леб, тестенини и палачинки, почнал да јаде житарки и останата храна без глутен, што се одрази на неговата целокупна психофизичка состојба. Резултатот беше 10 освоени титули само во 2011 година!
Шампионското мени на Новак Ѓоковиќ
Не јаде |
Јаде лесна, немасна храна
-->
-->
|
|
Пченично брашно и производи кои го содржат
-->
|
Свежо овошје и зеленчук кое може да биде зготвено на вода и пареа и печен зеленчук и месо на |
|
Похована храна и оброци подготвени во зејтин
-->
|
Тестенини – да, но од ориз и пченка |
|
Не јаде вештачка сол, шеќер и масти |
Повремено јаде чоколадо. |
Ноле во август оваа година, ќе ја објави книгата „Со сервис до победа“, што всушност ќе биде водич како со правилна исхрана до подобри резултати во спортот.
Планиран е милионски тираж, а содржи и конкретни рецепти како да ги подготвите оброците кои за Ѓоковиќ се подготвуваат во последните 3 години.