5 минутна анти-стрес програма
Решете се од стресот и оставете ја зад вас онаа необјаснива, непозната тежина и тоа без дополнителни трошоци. Колку и да сте зафатени, ќе пронајдете барем 5 минути за да ги практикувате овие совети.
Уживајте во лесен оброк
Одвојте 5 минути за едноставен и здрав оброк кој ќе го освежи вашиот организам и ќе ве натера да заборавите на сите проблеми. Концентритајте се на она што го јадете, крцкајте со забите, џвакајте и уживајте.
Прошетајте
Доколку гледате дека на ситуацијата и нема решение, станете и прошетајте. Доволна е само 5 минутна прошетка и свеж воздух за да ја разбистрите главата. Движењето ќе ви дојде како бонус ослободување на мускулите и сетилата.
Истегнете се
Слушајте го вашето тело и сопствената интуиција. Во истиот момент кога грбот ќе ви каже да се истегнете – истегнете се. Ова се само неколку секунди во денот кои драстично може да ви го поправат расположението. Опуштете ги рамениците, ослободете ја главата и решете се од напнатоста.
Јавете се кај близок пријател
Направете неколку минутна пауза и не пишувајте порака, туку јавете се. Размрдајте се и вклучете го мозокот да работи во сосема спротивна насока. Не се жалете за работата, туку обидете се да договорите кафе или излегување. Ниту една психотерапија нема да ви помогне толку колку 3 минути разговор со вашиот најдобар пријател.