Како правилно да јадеме мед?
Последните години се разви нова научна дисциплина – апитерапија, која подразбира примена на пчелните производи во превентивна и тераписка намена.
Багремов мед
Погоден е за болни кои имаат проблеми со варењето и делува смирувачки на целиот организам. Може да го консумираат и децата помлади од три години.
Ливадски мед
Содржи повеќе етерични масла и им се препорачува особено на срцевите болни, а може да помогне и кај респираторните заболувања.
Липов мед
Има антисептичко дејство и се користи при грип, бронхит....
Шумски мед
Содржи 13 пати повеќе минерали од цветниот мед. Особено се препорчува на оние кои страдаат од анемија.
Кој смее да јаде мед?
Секој од првата година на животот под услов да не е алергичен на мед или да не боледува од шеќерна болест.
Кога се конзумира?
Се конзумира секојдневно, половина час пред јадење.
Како се конзумира?
Секогаш треба да се раствори во вода, чај, млеко или сок. Немојте да го јадете во густа состојба па потоа да се напиете вода. Не треба да се раствора во премногу жешка течност. Лажицата со која што земате мед треба да биде дрвена или палстична, никако метална.