Заменете го кафето, но задржете го ритуалот
Утринското кафе на многумина им претставува омилен утрински ритуал, но доколку знаете дека ви штети, задолжително ослободете се од него. Ова се однесува посебно на оние кои имаат проблеми со варењето на храната, па затоа ви помагаме да пронајдете идеална замена и да го задржите ритуалот.
Започнете со постепена замена. Од пет работни утра, три пијте кафе, а две некој од овие пијалаци.
Сок од портокал - Оваа вкусна алтернатива изобилува со витамини А, Е и Ц и има три пати повеќе антиоксиданси од црвеното вино или зелениот чај. Само една чаша може да направи чудо за вашето здравје. Добро исцедете неколку портокали, оладете и уживајте во разладувачкиот напиток, наместо кафе.
Млеко - Наједноставната замена е млечно овошниот шејк или пак со чоколадо. Експериментирајте со млеко од соја или пак со вкус на ванила, кокос...
Чаеви – Зелениот и црниот чај се сметаат за најдобра замена на кафето, но и камилицата и чајот од нане. Во лето бирајте комбинации на неколку чаеви, па пијте ги оладени, со неколку коцки мраз. Сетете се и на чајот од ѓумбир, лимон или лимета.
Можете да се обидете и со овие два шејка:
Миксирајте половина шолја ладен зелен чај, половина шолја бадемово млеко, 1 лажица цимет, мед и половина банана.
За вториот шејк потребни ви се 4 шолји чај по желба, 2 шолји сок од портокал, 2 лажици нектар од праска, 1,5 литар газирана вода и лед. Миксирајте ги сите состојки неколку минути и пијте со многу мраз.