Опасностите кои ги крие солариумот

Сите го сакаме темниот бронзен тен бидејќи така се чувствуваме посамоуверено и среќно. Дел од убавината на летниот одмор е долгото лежење на плажа за да се добие таа бронзена нијанса која сите ја посакуваат.

opasnostite-koi-solariumot-gi-krie-01

Но, наместо да се чека сонцето да ја заврши таа работа, многу девојки одат во солариум, мислејќи дека тоа е достојна замена. Ова е далеку од вистината.

Сончањето на сонце ја оштетува кожата и се препорачува да се избегнува, а солариумот ги има истите негативни ефекти само што главната разлика е дека може да се практикува во текот на цела година. Вака штетата на кожата е поголема.

Ова се главните опасности кои ги крие солариумот:

Ги зголемувате шансите за развој на рак на кожа

Солариумот испушта ултра виолетови зраци кои го предизвикуваат ракот на кожата. Колку повеќе го користите толку повеќе ви се зголемува можноста да заболите од рак. Сончањето во солариумот не е ништо поразлично од сонцето.

opasnostite-koi-solariumot-gi-krie-03

Изгледате постаро

Сончањето во солариум ја суши кожата и создава бори кои што прават вашата кожа да изгледа старо. Можеби изгледате подобро со потемен тен, но обично тој додава некоја година плус.

Може да го оштети видот

Кога се сончате во солариум мора да носите заштитни очила. Ултравиолетовите зраци можат сериозно да го оштетат видот и да доведат до рак на очите.

Постои и граница по која вашата кожа нема да стане потемна. Ако продолжите да се сончате во солариум вашата кожа ќе станува се посува и постара, па затоа придржувајте се до златното правило дека помалку секогаш е повеќе.

opasnostite-koi-solariumot-gi-krie-04

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Луѓе кои имале рак откриваат кои симптоми ги натерале да се проверат „Имав мал чир на устата што го игнорирав, но мојата мачка почна да ми ја душка у...
5 видови рак на репродуктивниот систем за кои секоја жена треба да знае Вагинален, рак на грлото на матката, рак на јајникот – важно е секоја жена да би...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да разговарам со ќерката која е во пубертет за дрога, секс и... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg