Зошто да испробате солена соба и халотерапија?
Солената терапија или халотерапијата е апсолутен тренд во подобрување на здравјето. Клиничкото испитување открило дека овие соби се здрави за оние кои страдаат од алергии, имаат проблеми со дишните патишта и ја намалува кашлицата кај пушачите.
Овие тајни солени соби денес пред сè се луксузно уживање, па затоа постојат голем број на уникатно дизајнирани соби во кои може да го чувате вашето здравје само ако платите голема сума.
Најчесто, ѕидовите и подот се обложени со сол, а на сувиот воздух му се додадени најфините честички од солта кои треба да ги вдишете илјада пати додека престојувате во овие соби.
Тајната на овие соби се крие во микро честичките кои во себе носат кинетичка енергија добиена по дробењето во солниот генератор.
Јонизираниот воздух позитивно влијае на човечкиот организам, доведува до психофизичка рамнотежа, помага при концентрацијата, одличен е за лечење астма и бронхитис, го подобрува дишењето и има уште голем број на предности.