Како самостојно да извршите преглед на градите?
Годишниот мамограм и месечниот преглед на градите има клучна улога во женското здравје. Со модерната технологија, бројот на дијагностицирани болести на дојката и понатаму е во пораст.
Превентивните прегледи за одржување на доброто здравје ви се од огромна корист, па затоа обидете се самите да извршите преглед на градите во само неколку чекори.
Разгледувајте ги градите
Седнете пред огледало и гледајте во своите гради. Испитајте ги и утврдете го следново:
- Дали се со нормален облик, големина и боја?
- Дали се рамномерно обликувани, без отстапки, отекувања и видливо изобличување?
Доколку забележите било каква промена од горенаведените, веднаш консултирајте се со лекар.
Внимавајте на секретите
Испитајте дали од вашите гради, кога ќе ги притиснете, се лачи некаков секрет. Здравите гради не би требало да имаат никаква течност во нив, освен ако не доите.
Легнете и прегледајте се
Легнете и со десната рака прегледајте ја левата града, а со левата рака десната. Со кружни движења проверете ги сите делови, со средна јачина притискајте и дознајте дали имате некакви згрутчувања. Доколку забележите некаква нерамнина или болка при овој преглед, задолжително обратете се кaj вашиот лекар.
Повторете го прегледот додека сте исправени
Седнете или потстанете и повторете ја постапката. Многу од жените овој преглед го прават под туш, што е и подобро заради тоа што кожата е мокра, па прегледот е многу полесен.
Практикувајте ги овие неколку чекори барем еднаш во месецот за да бидете сигурни дека сте здрави и заштитени.