Изложување на сонце според типот на кожата
Се прашувате зошто постојано се заштитувате, а никако не е доволно? Секое лето кожата ви зацрвенува, ви се појавуваат пликови и непријатна болка?
Проверете дали соодветно се грижите за вашата кожа, а доколку ја увидите грешката веднаш поправете се.
Многу чувствителна кожа
На овој тип припаѓате ако имате:
- Светла кожа
- Светло руса коса или коса со црвенкаст пигмент
- Светли очи
- Пеги
- Кожа која полесно поцрвенува, отколку што темнее
Време на самозаштита на кожата: до 5 минути
Почетен заштитен фактор: 30+
По 10 дена: 20
Чувствителна кожа
На овој тип припаѓате ако имате:
- Светла кожа
- Руса до светло-кафена коса
- Светли очи
- Пеги
Време на самозаштита на кожата: до 10 минути
Почетен заштитен фактор: 20 до 30
По 10 дена: 15
Нормална кожа
На овој тип припаѓате ако имате:
- Кожа со средно темен тен
- Кафена коса
- Кафени/темни очи
Време на самозаштита на кожата: 10 до 15 минути
Почетен заштитен фактор: 20
По 10 дена: 6
Темна, отпорна кожа
На овој тип припаѓате ако имате:
- Темна кожа
- Темно кафена до црна коса
- Темни очи
- Изедначен тен без пеги
Време на самозаштита на кожата: 20 минути
Почетен заштитен фактор: 6 до 8
По 10 дена: Доволно е само масло со низок фактор