Девет итри начини за согорување на калории
Иако добро познато е дека вежбањето и физичките активности се идеални за губење на вишокот калории, сепак постојат и неколку итри начини на кои малку помрзеливите може да се изборат со нив.
Еве неколку трикови кои може да ги применувате надвор од теретаната.
1. Не седете на едно место. Ако сте нервозен тип кој има навика да тапка со нозете или да куцка со прстите додека седи во едно место, имате среќа. Во просек, ваквата активност во текот на еден ден може да согори помеѓу 300 и 350 калории.
2. Смејте се... Многу! Како што многу истражувања покажуваат, 10 до 16 минути смеење дневно може да согорат околу 40 калории, а тоа се околу 5 килограми годишно.
3. Зачинете ги работите. Истражувањата покажуваат дека зачинетата храна може да го забрза метаболизмот и да го забрза согорувањето на калории дури до плус 50 во денот.
4. Џвакајте мастики! Џвакањето согорува калории. Практикувајте гуми за џвакање за да не ги надокнадите калориите и да го избегнете кариесот.
5. Чистете. Немојте да превртите со очите штом ја видите оваа активност. Лесното куќно чистење, како што е бришењето на прашина, согорува околу 170 калории на час. Ако пак се фатите за некоја потешка работа, како што е чистење на автомобилот, ќе согорите над 204 калории за еден час.
6. Купувајте до последен здив. Обиколките на продавниците се поздрави отколку што мислевте. Обичното купување на намирници може да согори дури 156 калории на час. Паркирајте се подалеку од продавницата и согорете уште стотина калории, но немојте да ја наполните кошничката со масна храна за да не ги вратите повторно.
7. Пијте ледена вода. Внесувањето на осум чаша ледено студена вода во организмот ќе заврши со согорување на 123 калории, се додека водата во телото не се загрее. Затоа, кога пиете вода – што поладно, толку подобро.
8. Секс. Просечниот сексуален однос ќе согори 88 калории на час, но можете да се потрудите и малку повеќе.
9. Танцувајте! Само 20 минути дневно танцување на омилената музика може да ви помогне да согорите над 100 калории. Ако не знаете да танцувате, спуштете ги ролетните, пуштете гласна музика и движете го телото на ваш начин.