Храна која делува вкусно, а може да ве отруе
Постојат некои намирници кои ги користиме секојдневно, а можат сериозно да ни наштетат на нашето здравје. Затоа кога се приготвуваат треба да се биде многу претпазлив.
Секогаш отворете ги очите кога планирате да ги консумирате следниве неколку плодови.
Печурки - Ако ги берете сами, запомнете дека околу 5 проценти од нив се отровни.
Рабарбара - Отровна е бидејќи зелените листови на ова растение содржат оксална кислина. Од ова може да добиете камен во бубрег или ако изедете голема количина исходот може да биде фатален.
Грав - Содржи големи количини од токсинот лектин. За билките лектинот служи како вид на примитивна заштита, слично како антителата кај луѓето. Само три не зготвени зрна на грав можат да предизвикаат дијареја и повраќање.
Домати - Затоа што дршката, листовите и зелениот дел имаат томатин токсин. Тој најчесто се користи како отров за инсекти.
Јаболка - Односно, нивните зрна содржат цијанид. Ако ги јадете во големи количини може да доведе до повраќање.
Компир - Кога е зелен содржи голема количина на гликоалкалоид. Смртните случаи од вакво труење се ретки, но сепак се забележани.
Цреши - бидејќи семките содржат цијанид. Ако ги проголтате, може да повраќате, ќе имате проблеми со дишењето и спора работа на бубрегот.
Фугу риба - Тоа е јапонски специјалитет кој може да доведе до парализирање и смрт. Готвачите тренираат две до три години за да научат да ја припремат.
Бразилски ореви - Ова е храна со најголемо ниво на природна радиоактивност, дури 1000 пати поголема од радиумот во било која друга храна.