Како најбрзо да се разладите?
Големата горештина, спарнина и потењето никому не му се пријатни. Еве неколку совети како бргу и ефикасно да се разладите. Иако го обожуваме летото, некогаш тоа тешко ни паѓа.
Млак туш и студен лосион
Можеби мислите дека најдобриот начин да се разладите е студениот туш, но тој ќе ви овозможи само моментално освежување бидејќи потоа ќе ви биде потопло отколку што ви било.
Најдобро е да се туширате со топла вода за да не го шокирате своето тело.
Бричењето е задолжителен дел од хигиената бидејќи така помалку ќе се потите. По туширањето, наместо масно млеко за тело, одберете лесен лосион кој ќе ви даде одлично освежување ако го држите во фрижидер.
Во канцеларија
Немате клима на работа? Најдобар начин да се разладите е термална вода во спреј (а може да послужи и обична кисела вода). Едноставно испрскајте ја во воздухот и на лицето и ќе се чувствувате многу попријатно.
Против потење на нозете
Во лето носете отворени обувки за нозете во секој момент да ви бидат свежи. Ако пак имате проблеми со потењето на стапалата, купете спреј против потење кој може да се најде во секоја подобро снабдена парфимерија.
Совет плус
Ако сте во автомобил, пред да го завршите возењето исклучете ја климата за да не доживеете шок при излегувањето од автомобил.