Предностите на пливањето

Летото пристигна, а и со него плановите за летниот одмор. Најчесто луѓето се одлучуваат за летни дестинации каде што има убава плажа и море, на кои ќе можат максимално да ги искористат летните сончеви денови. Воедно, едни од омилените активности на луѓето се пливањето и нуркањето.

prednostite-na-plivanjeto-01

Пливањето освен што е одлично разладување, е и одлична вежба за мускулите и има позитивен ефект врз севкупното здравје на човекот.

Помага при висок и низок крвен притисок, бронхитис, астма, и болките во коските. Одлично е и за губење на килограмите. 

Најголем придонес е затоа што се оттргнува оптеретувањето на зглобовите, а сепак се троши голема енергија. Истражувањата покажале дека лесно пливање четири до пет пати дневно по 30-40 минути, има позитивно влијание врз високиот притисок.

Исто така, влажниот воздух кој се вдишува ги подобрува дишните патишта. Во денешно време работните места вклучуваат долго седење пред компјутер, што негативно дејствува врз ставот на телото и предизвикува болки во грбот. Токму поради ова, пливањето е идеална активност во топлите летни денови.

Би можело да ве интересира:

Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Како да го намалите крвниот притисок и какви компликации предизвикува ако не го контролирате? Не можете инстантно да го намалите крвниот притисок без помош од лекар. Но, може...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Зошто не треба да заспивате пред телевизор? Светлината во текот на ноќта го намалува нивото на мелатонин, што, пак, е поврза...
Што ќе се случи ако почнете да спиете без пижами, дури и кога е студено? Се верува дека спиењето без пижами може да ви помогне побрзо да заспиете и да им...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg