7 начини како да го совладате апетитот
Дури и кога сме посветени на здраво јадење, често се случува нашиот ум да си поигра со нас и да ни ги растури плановите, иако за тоа не сме свесни. Како резултат, ние јадеме многу повеќе од тоа што мислиме.
Ако се сомневате во ова тврдење, сетете се колку пати вашата пријателка ви кажала “Малку jадам, но се дебелеам”.
Сепак замките кои ни ги приредува нашиот мозок, може да се избегнат. Овие 7 совети ќе ви помогнат да го излажете апетитот и да ја намалите количината на храна и калории која ја внесувате.
Сакате навистина да успеете во тоа?
Еве трик кој сигурно нема да ве разочара, изберете само еден од овие совети и придржувајте се кон него најмалку 28 дена, колку што е потребно да се создаде навика. Запаметете, најдобра диета е онаа која не знаете дека ја држете.
Јадете вечера на чинии за десерт
Дали ви се очите поголеми од желудникот? Големата чинија создава оптичка илузија, па мислиме дека имаме помалку храна. Истражувањето покажало дека луѓето јадат дури 25% повеќе кога јадат од голема чинија. Затоа заменете ги големите чинии со мали - едноставен трик кој не дебелее.
Испијте чаша вода пред јадење
Мислите дека сте гладни? Можеби сте само малку жедни. Нашиот мозок е склон кон мешање на глад со жед, па чаша вода пред јадење може да придонесе да јадете помалку или пак да сфатите дека воопшто не сте ни гладни.
Не ја сервирајте храната во големи садови
Парчиња пилешко месо и печен компир сервирани на масата во големи садови изгледаат многу примамливо, но водат и кон зголемување на тежината. Кога вас ви е храната при рака, најверојатно е дека ќе продолжите да јадете. Затоа сервирајте ги порциите пред да седнете на маса, а остатокот на храната оставете го во кујната.
Грицкајте ф’стаци
Ф’стаците се нискокалоричен јаткаст плод, кој ќе го јадете помалку ако е од тој што е во лушпа. Така ќе изгубите некое време на вадење на плодот од лушпата, и ќе се заблагодарите на празните лушпи бидејќи ќе знаете колку сте изеле, што и воедно ќе ви биде знак и за доста.
Купувајте намирници со готовина
Издвојте определена сума на готовина и купувате само до таа цифра. Плаќајќи со готовина, а не со картица ќе ви помогне да купите само она што ви треба. Така ќе избегнете по навика да додавате чипс во количката.
Нарачајте први во ресторан
Ако луѓето со кои сте во ресторан нарачуваат пред вас и земаат хамбургери и помфрит, и вие нема да одолеете и ќе заборавите на салатата која сакавте да ја нарачате. Затоа реагирајте брзо и први нарачајте го својот здрав оброк.
Пијте од тенки високи чаши
Истражувањето открило дека кога пиеме од тенки високи чаши истураме 30% повеќе течност отколку кога пиеме од висока чаша. Дури и кога на испитаниците им бил објаснет тој феномен, тие свесно ставале помалку, но сепак во кратка чаша истурале 26% повеќе. Затоа, пијте вода од било каква чаша, но калоричните сокови и алкохол пиете ги од високи чаши.