Одржувајте остар ум
Очекуваме дека годините ќе ни донесат болести, зглобовите се трошат но самата помисла дека исто такво може да се случи и со нашиот ум е неприфатлива.
Еве неколку совети како да му помогнете на вашиот мозок со текот на годините да се развива.
Физичка активност
Научниците се повеќе и повеќе веруваат дека аеробикот е една од најважните работи која можe да влијае за долготрајно здравје на вашиот мозок. Срцето и белите дробови јако реагираат за долготраењето на здравјето на вашиот мозок. Се препорачува 30 минути дневно вежбање на аеробик кој исто така можете да го сметате како физички така и ментален тренинг.
Јадете риба
Есенцијалните масни киселини, како што е Омега 3, се важни за функционирањето на вашиот мозок, а друри и се покажале како корисни во лечењето на депресија и слични болести. Намирниците како што е ленот може исто така да ги одберете доколку не сте љубител на риба.
Уживајте во кафето
Според многубројните истражувања 2 до 4 шољи на кафе дневно го спречуваат опаѓањето на мозочната способност како и можноста од заболување со Алцхајмерова болест дури од 30% до 60%. Сепак не е јасно дали кофеинот го штити вашиот мозок или тоа се антиоксидансите кои се наоѓаат во кафето.
Одржувајте го вашиот мозок во форма
Вашиот мозок најубаво се вежба со играње на разни игри како што се судоку шах и слични разоноди кои се одличен начин да се забавувате, а истовремено да го одржвате вашиот мозок во топ форма. Најдобро би било да го вежбате мозокот со нови задачи со кои ќе му овозможите да работи побрзо и поефикасно.
Одмарајте се
Секојдневното изложување на стрес зeма голем данок од мозокот иако вие за тоа не сте свесни. Стресните ситуации предизвикуваат произведување на штетни хемикалии кои го оштетуваат вашиот мозок и најмногу влијаат на вашиот мозок и оштетувањето на меморијата. Многу научници препорачуваат урамнотежен начин на живот, вежбање јога и занимавање со активности кои ве смируваат и опуштаат, можат да допринесат за подобро развивање на вашиот мозок и подобрување на вашата меморија.