Кои се причините за прекумерно потење?
Потењето е најнормален процес кој се одвива во нашето тело кога сме изложени на топлина, кога сме физички активни или ако имаме некаква инфекција, па нашиот имунолошки систем ја подига температурата за да ја убие бактеријата или вирусот.
Но, ако премногу се потите, а ништо од погоре наведеното не е причина, можно е да имате некој хроничен проблем кој треба да се открие и реши.
Потењето може да биде знак на хипогликемија или пад на нивото на шеќер во крвта. Ова може да им се случи и на здрави луѓе ако пропуштат оброк, а вообичаено е да се случува кај дијабетичарите. Значи, ако ви се случи ова, а не сте пропуштиле оброк, време е да го проверите шеќерот во крвта.
Штитната жлезда е исто така причина за прекумерно потење, бидејќи возможно е луѓето кои се потат да имаат хипер активна штитна жлезда - хипер тироида. Тоа значи дека оваа жлезда произведува повеќе хормони, што резултира и со губење на килограми и забрзано срце биење.
Хормоните се исто така меѓу честите причини за прекумерно потење, па така мажите кои се потат премногу можно е а имаат ниско ниво на тестостерон, а жените ниско ниво на естроген, што го означува почетокот на менопаузата.
Претераното потење уште може да биде и последица на консумирање на антидепресиви кој го подигнуваат нивото на хормонот на стрес, кој предизвикува потење. На истата листа се наоѓаат и лекови против грип и настинки, антибиотици и таблети обогатени со железо.