Кока-колата убива

Од последните истражувања, докторите упешно ги дефинираа болестите кои настануваат како резултат од честото консумирање на Кока Колата.

 

Консумирањето на овој американски пијалок влијае на опаѓањето на забите, дијабетес и омекнување на коските.

Докторите исто така забележале дека пациентите кои многу често пиеле Кока Кола пателе од хипокалемија - пореметување кое настанува како последица од пад на нивото на калиумот во крвта.koka-kolata-ubiva1

Според нивните сознанија, преголема количина на овој пијалок може да создаде и слабеење на мускулите, па дури и потполна парализа, односно да предизвика абнормален ритам на срцето, кој во некои случаеви води до кобни последици.

"Забележавме неколку здравствени проблеми кај пациентите кои премногу консумираат Кока Кола, од проблеми со квалитетот на забите, недостатоци од минерали во коските па се до дијабетис", изјавил професорот Мосес Елисаф, кој го водел ова истражување.

Во овој контекст се наведува и случајот на 21-годишната трудница која патела од хроничен умор, губиток на апетит и континуирано повраќање.

Таа во последните 3 години, дневно консумирала по речиси 3 литри Кока Кола, а докторите откриле дека боледува од хипокалемија и блокада на срцето.

Според последните достапни информации, консумирањето на безалкохолни пијалоци во 2007 година изнесувала 552 милијарди литри или 82,5 литри по човек, а се претпоставува дека оваа бројка до 2012 ќе порасне на 95 литри по човек.

Би можело да ве интересира:

Работи што треба да ги знаете за хемороидите, а за кои се срамите да прашате Помалите хемороиди поминуваат сами од себе за неколку дена, а можат да се јават ...
Се пренесуваат преку допир и преку воздух – Што знаеме за новиот сој мајмунски сипаници и дали посто... Мајмунските сипаници не се пренесуваат само преку сексуални односи, туку и преку...
Суптилни симптоми на рак на белите дробови за кои е добро да бидете свесни Отежнато дишење, зарипнат глас, болки во грбот – кои симптоми можат да укажуваат...
Зошто докторите најчесто препорачуваат терапии со инхалација + корисни работи што треба да ги знаете Во минатото, за инхалирање се користеше тенџере со топла вода, а понекогаш внатр...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Што е хемангиом кај бебе – зошто се појавува и дали е опасен? Хемангиомот е мек, издигнат израсток на површината на кожата на бебето. Хеман...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg